Базен, џакузи, када, терен за мини голф... Најдолгиот автомобил во светот
- 10 Август, 2022
Човек од Њујорк влезе во Гинисовата книга на рекорди поседувајќи го најдолгиот автомобил на светот, со вкупна должина од над 30 метри.
„Американскиот сон“ има 26 тркала, а на патниците им нуди голем воден кревет, базен во комплет со даска за скокање, џакузи, када, терен за мини голф, а во кабината може да се сместат 75 луѓе!
Заснован на Cadillac Eldorado од 1976 година, новиот рекордер е споен во два дела и има вкупна должина од повеќе од триесет метри. Процесот на реоживување на овој автомобил траел три години и чинел 250.000 долари.
Сопственикот на најдолгиот автомобил во светот, според Гинисовата книга на рекорди, открива дека автомобилот нема да се најде на патиштата во скоро време, бидејќи е предолг, но истиот ќе биде изложен во музеј.
Погледнете го: