Bear Grylls овој пат пие змиска крв? Документарец кој повторно шокира

Возбудливата документарна серија „ Bear Grylls: Бегство од пеколот“ ги одведува гледачите на возбудливо и емотивно патување каде Bear ги опишува искуствата на луѓето кои преживеале во најсуровите пејзажи на нашата планета.

Секоја епизода опишува три неверојатни приказни за преживување. Секој преживеан даде големо интервју, често пати ексклузивно за серијата, во кое се открива како обичен ден во дивината може брзо да се претвори во пекол и што е направено за да се преживее.  Bear истражува како овие луѓе се разликуваат од другите луѓе кои не преживеале во исти ситуации. Додека ги истражува нивните приказни,  Bear ги доживува истите опасности и ризици, се натопува во лавини, скока во ледени реки, се втурнува во заслепувачки песочни бури, се соочува со диви брзаци и ја предизвикува смртта на високи карпи.

Bear патува низ планетата за да даде целосна слика за опстанок, од жешката Сахара до снежните планински врвови на Северна Америка. Се бори со влажни џунгли полни со диви животни во Гватемала, далечни жешки клисури на Мароко, мазни карпи и непробојни шуми на Италија. Секој пејзаж претставува уникатен сет на предизвици, но сите тие споделуваат универзални теми за опстанок: вода, засолниште, топлина, храна и ориентација. Bear покажува како секој преживеан бил во можност да ја измами смртта со својата генијалност и упорност затоа што тој имал барем една од овие особини потребни за да преживее. 

Значи, Bear пие крв од змија за да се спаси од дехидрираност во жешката Сахара, ја исполнува херметичката торба со урина и ја користи како термофор, лови тарантули во џунглата и ги јаде за да не изгладне. Тој го споделува своето знаење со публиката и дава совети што можат да спасат животи во иста ситуација.

Најважната лекција што ќе ја научат гледачите е важноста на упорноста, мотивацијата и желбата да преживеат. За Bear, разликата помеѓу животот и смртта е можноста да се задржи присебност и во најекстремни ситуации. Овие особини се прикажани многу пати.

Овие и други приказни во серијалот покажуваат какви вонредни дела можат да ги прават луѓето во екстремни ситуации.