Бекам го прослави 50. роденден: Овој човек не старее
Дејвид и Викторија Бекам споделија фотографии од прославата по повод неговиот 50. роденден, но на нив недостасува нивниот најстар син, Бруклин.

На фотографиите, Викторија и нивната ќерка Харпер, која има 13 години, носат исти темносини свилени фустани, а Дејвид, Ромео (22) и Круз (20) се облечени во црни свечени одела. На неколку слики, тие позираат пред автомобил, а на една Дејвид нежно ја бакнува Харпер во чело.

Меѓу присутните беа и родителите на Дејвид, неговите сестри Џоан и Лин, како и родителите на Викторија, Џеки и Ентони Адамс.

Бруклин (26) не се појавува на ниту една фотографија, а не е познато дали тој и неговата сопруга Никола воопшто присуствувале на забавата, пренесуваат странските медиуми.
Пред овие гласини, Бруклин важеше за блискa личност со своите браќа и сестра. Во едно интервју од пред неколку години, изјави дека му било убаво да порасне со браќа и сестра блиски по години.
„Харпер е најгласната, Круз е највеселиот, а Ромео е полн со енергија. Сакам да готвам и да гледам фудбал со татко ми. Мајка ми со години живееше во куќа полна со момчиња – сè додека не дојде Харпер. Уживам во времето со нив“, рече тогаш.