Белград добива метро, првата линија готова за 2-3 години
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по работната вечера со францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата, објави дека Белград ќе добие метро за 2-3 години, пренесува српски Курир.
Вучиќ најави дека до 15 декември ќе се потпише комерцијален договор со француската компанија Алмсто за изградба на првата линија на белградското метро, која треба да биде готова за две и пол до три години.
- До 15 декември конечно ќе потпишеме комерцијален договор за изградба на првата линија на метрото со француската компанија Алстом, значи во следниот месец. И ја завршуваме таа работа или почнуваме да ја финализираме, така што за две и пол години би ја имале првата линија на метрото, две и пол, три, се е исто, но Белград конечно ќе добие метро - рече Вучиќ.
Тој истакнува дека разговарале за ЕУ, заеднички инвестиции, соработка во областа на вештачката интелигенција...
- Купуваме суперкомпјутер од Франција, единствен со таква вредност во Југоисточна Европа - додаде Вучиќ.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук Горан Весиќ