Берлин откри необичен тренд - кафулињата на гробиштата станаа популарни места за собирање

Берлин станува место на бројни кафулиња што работат во гробиштата, кои станаа популарни места за собирање, објавија германските медиуми. Според достапните податоци, во Берлин моментално има околу десет кафулиња на гробиштата, кои се наоѓаат во мирни, зелени делови од градот, пишува Гардијан.

Иако првично предизвикаа загриженост поради можното нарушување на достоинството на местото, повеќето граѓани денес ги прифаќаат како дел од локалната заедница. Едно од најпознатите кафулиња, „Лисбет“, се наоѓа во поранешната парохиска сала во берлинскиот округ Мите.

View this post on Instagram

A post shared by Robert Stolarczyk (@rob_stulle)

Неговиот сопственик, Кјара де Мартин Топранин, рече дека гостите се „особено емпатични и посмирени отколку во вообичаените градски кафулиња“. Кафулето работи со почит кон ожалостените и забранува бучни прослави и свадби.

Првото кафуле на гробишта во Германија, „Финово“, беше отворено во 2006 година во округот Шенеберг. Го започна долгогодишниот активист во борбата против ХИВ, Бернд Босман, кој сакаше, како што изјави, „да направи пријатно место за живите во простор наменет за мртвите“.

Во меѓувреме, моделот се прошири и во други делови од градот. Во округот Нојкелн, кафулето „Грам 21“ е сместено во поранешна капела, додека во Вединг се наоѓа „Марс“, сместено во напуштен крематориум.

View this post on Instagram

A post shared by (@manuellopezt_)

Експертите велат дека ваквите проекти придонесуваат за зачувување на запуштените гробишта и нудат економска одржливост во време на намален број традиционални погребувања. Според посетителите, кафулињата на гробиштата нудат „уникатна комбинација од мир, природа и размислување“.

Феноменот на кафулиња на гробишта, кој потекнува од Берлин, сега привлекува интерес и во други германски градови, каде што се разгледуваат слични иницијативи.

Фото: Инстаграм
Извор: Bizlife.rs