Беше една од најубавите тенисерки, се забавуваше со синот на Грејс Кели: А, потоа се пишуваше дека оваа жена ѝ го освоила срцето

Познатата тенисерка Габриејла Сабатини предвреме ја заврши кариерата поради повреда. Пред тоа таа оствари голем број на победи. Таа важеше и за една од најубавите тенисерки. И денес ја  краси природна убавина. Внимателно се следеше и нејзиниот приватен живот.

Габриела Сабатини е родена на 16 мај 1970 година во Буенос Аирес, Аргентина. Таа се повлече од светот на тенисот на 26 години откако го повреди стомачниот мускул. Одвреме-навреме учествува на рекреативни турнири. 


Славната тенисерка ја освои титулата на УС Опен во 1990 година, играше во финалето на Вимблдон во 1991 година, четири пати се натпреваруваше во полуфиналето на Австралија Опен и пет пати во полуфиналето на Ролан Гарос. Нејзината највисока позиција на ВТА листата беше третото место. На Олимписките игри во Сеул во 1988 година, таа освои сребрен медал.


Габриела Сабатини беше во врска со принцот Алберт Втори од Монако, син на познатата актерка Грејс Кели и принцот Рение Трети. На крајот на осумдесеттите, беше објавено дека таа се забавувала со Доналд Трамп неколку месеци. 


Бројни портали меѓу кои и airedesantafe.com.ar пишуваат дека Габриела е во врска со Лухан Грисолија, а врската трае веќе деценија и пол. Во многу текстови за познатата тенисерка оваа жена се споменува како нејзин партнер.


Габриела Сабатини и денес плени со својата убавина, често може да се види на спортски настани.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир