Беше Мистер, најубавиот- се замонаши: „Решив остатокот од мојот живот да му го посветам на Бога“

Лаша Борџикули, најпопуларниот грузиски модел и поранешен мистер на Грузија, стана монах, а оваа одлука ја криеше од јавноста долго време. Како што открил, тој станал монах во грчки манастир и решил остатокот од својот живот да му го посвети на Бога.
„Пред некое време, сè се промени во мојот живот. Почувствував што е тоа што има вистинска вредност и што дава вистинска среќа, која може да стане вечна ако го следиме вистинскиот пат.
Долго време ја криев мојата одлука да станам монах, не сакајќи да привлечам внимание од јавноста. Да, положив монашки завет во грчки манастир и решив остатокот од мојот живот да му го посветам на Бога. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа.
Се молам на Семоќниот да им дарува милост и благосостојба на сите луѓе на кои мојата одлука, свесно или несвесно, им предизвикала болка.“