Без напорни вежби и теретана: Овој човек „има стомачни“ какви што не сте виделе! (ВИДЕО)

Овој човек е пример дека без никаков труд може да има стомачни и да се биде главна ѕвезда на плажа!

Летото е сè уште во полн ек, а ако морето е веднаш зад аголот, а вие сте нерасположени бидејќи не сте целосно задоволни со вашето тело, не грижете се! Овој човек има генијално решение за вас! Припадниците на посилниот пол можат да се радуваат на тоа што конечно е можно да имат плочки на стомакот без одење во теретана и исцрпувачки вежби, а еве како.

На Инстаграм се појави видео кое за само една недела доби близу милион лајкови и повеќе од 13.000 коментари. Човекот од видеото, дури и до сега да беше анонимен, отсега дефинитивно повеќе нема да биде таков.

На брегот на морето гледаме маж на околу 30 години како излегува од водата, а еден детаљ им привлече дополнително внимание на сите, а тоа се неговите стомачни мускули. Остануваме уште повеќе збунети кога младиот човек ќе излезе од водата бидејќи неговиот стомак се гледа над неговите купачи и дури тогаш сфаќаме дека тоа не се вистински стомачни, туку тоа е дело на досетлива козметичарка или бујна фантазија на самиот човек кој гордо ги носи неговите лажни стомачни. Тие се создадени со депилација или бричење на делови од неговиот стомак за да дадат изглед на плочки.

- Вежбајте паметно, не напорно! - стои во описот на видеото.



Фото и Видео: Инстаграм