Безгрижно си правеше балони, а потоа следеше шок ситуација: Ова не го очекувала ни во најлудиот сон, видеото го запали ТикТок

Запросувањето е нешто што девојките со нетрпение го очекуваат кога се во долга врска. Иако на мажите често им е потребна храброст за таков чин, дури и ако се во врска со партнерката подолго време, има и такви кои лежерно пристапуваат кон тоа, но изгледа немаат многу среќа на стартот. Судејќи по едно видео од запросување кое собра 2,3 милиони лајкови на социјалната мрежа, еден дечко навистина се трудел.

Тој постојано се обидуваше да ја запроси својата „разиграна“ девојка која правеше балони. Додека таа како дете се забавуваше со меурчиња, дечкото постојано се обидуваше да фати погоден момент да ја запроси. Сепак, таа постојано му вртеше грб, воодушевена од нејзината активност.

Иако се фатил за џебот и прстенот, обидувајќи се да клекне за да ја изненади, девојката не му обрнувала внимание и цело време уживала во „детските радости“ што ги насмеа луѓето на мрежата.

@lemony_sniffit Replying to @Yuliana she was a fairy - dead..dolly

„Ве молам објавете официјален предлог“, напиша еден следбеник. „Но.... начинот на кој си замина додека човекот сака да ја запроси“, додаде друг. „Тој навистина е под голем стрес“, заклучи трет.

Иако ова насмеа многумина, други беа загрижени дали вистинскиот предлог се случил на крајот или типот се откажал по првиот пат.

Девојката Лемони Шнифт, како што се потпишува на платформата TikTok, објави и продолжение, односно актуелното запросување кое се случило само неколку моменти откако таа се оддалечила од своето момче.

Откако продолжила да прави балони, типот во еден момент цврсто решил да се спушти на едно колено и да ја запроси, а таа била изненадена и среќна и го прифатила прстенот со широка насмевка. Бидејќи не била толку еуфорична како другите девојки, некои следбеници искоментираа дека не е возбудена поради тоа.

@lemony_sniffit Replying to @theprettyfaguette ok ok !! here’s the rest of the video  but no one come for me about my initial reaction  because I was honestly confused at first & CLEARLY oblivious in my own world !!! I just needed a lil time to process what even happened hehe we feel very blessed  ty for all the love and kindness shared #proposal #engaged #wedding #viral #bubbles Beautiful Boy Edit -

Многу корисници коментираа дека претпочитаат приватни запросувања поради ваквите ситуации, но повеќето се согласија дека девојката се радувала поради прстенот, што го докажува и начинот на кој го земала.


Фото и Видео: ТикТок