Бизарна трансформација на Канје Вест: Даде цело богатство да личи на него (ФОТО)
Канје
Вест ги извади сите заби и ги замени со титаниумски протези и уште еднаш успеа
да го шокира целиот свет.
Раперот (46), кој моментално е вмешан во контроверзии откако беше обвинет дека наводно удирил фан кој барал автограм во 2022 година, гордо ја покажа својата нова светла насмевка на Инстаграм.
Ексклузивната фотографија до која дојде DailyMail.com ги прикажува раскошните новиновите протези на Канје Вест - за кои извор откри дека се „поскапи од дијаманти“, а ги дизајнирал тој самиот. Што не е изненадување, нели?
Во исто време, Канје објави фотографија од легендарниот негативен од Џејмс Бонд, Зубо.
Имплантот е нов хируршки модел и е уникатно дизајниран и изработен по нарачка за музичарот - а вкупната цена на протезата се шпекулира дека изнесува 850.000 долари.
Сјајните нови заби на Канје ги постави д-р Томас Конели во Беверли Хилс заедно со Наоки Хајаши, мајстор за забен техничар, а Конели изјави:
- Беше задоволство да се работи Канје. Неговата визија да дизајнира уникатни заби кои се како уметничко дело, го надминува напредокот во стоматолошката индустрија. Спојот на неговата визија со напредокот во стоматолошката наука создаде нов изглед кој е епски!
Раперот наводно и претходно се пофалил дека долните заби веќе ги заменил со титаниумски и дијамантски, па овој потег, колку и да е драстичен, не е премногу изненадувачки.
Фото: Инстаграм