Бојко Борисов го пречека Заев со маска која го има државниот грб на Бугарија
Какви симболи носат?
Претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов, го пречека премиерот на Македонија, Зоран Заев, во Софија, каде ќе започне самитот на иницијативата за Берлинскиот процес, на кој двете земји годинава се ко-домаќини, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Она што е највпечатливо во поглед на нивниот изглед се секако заштитните маски. Посебно на Борисов. Носи таква во црна боја со бугарскиот национален грб извезен на неа.
Заев пак, носи респираторна маска со висок степен на заштита и го намалува потенцијалниот ризик од преносни инфекции
Ги задржува капките при кашлање, кивање и зборување. Вградениот филтер спречува внес на аеросоли, прашина, честички, бактерии, вируси, смог и полен. Самата маска има петслојна заштита и на овој начин се постигнува ефикасно филтрирање, што значи дека маската може да се користи повеќе пати.
Од националните симболи, нашиот премиер се одлучи за брош со македонско и европско знаме.