Болна исповед на Петар: Никој не забележувал дека е алкохоличар, но на 30 години му пропаднале мускулите и му умреле сите пријатели од зависност

Петар од Подгорица започнал да пие во своите дваесетти години. На почетокот тоа било дел од дружењата и младешките забави.

 „Алкохолот ми беше како воздух,“ вели денес, по три децении зависност и десет години трезвен живот.

Иако живеел со сестра му, која е лекар, никој не забележал проблем. „Алкохоличар не мора да изгледа како некој што тетура по улица. Изгледав нормално, тренирав, работев,“ раскажува тој. 

Во триесеттите почнале здравствени последици — треперење на раце, анксиозност, замор. Почнал да пие цел ден и да ги крие шишињата по куќата.

Алкохолот за него станал начин да ги „угаси“ емоциите. Кога му починал таткото, не плачел — прво посегнал по шише. „Ништо не чувствував,“ вели.

Одлуката да престане не дошла преку нагла пресвртница, туку постепено. Клучен бил моментот кога побарал помош во специјализирана установа и се вклучил во програмата „12 чекори“.

„Алкохолизмот е хронична болест. Ако би испил само една чаша, сè би се вратило од почеток,“ објаснува Петар. Денес живее трезно, без гаранции за иднината, но со едноставно мото: „Не ветувам дека утре нема да пијам. Само знам дека денес нема да пијам.“

Извор: Еспресо / Pexels