Болничар опиша што преживуваат луѓе на респиратори: Стравот во нивните очи ме скрши
Американски болничар кој работи во одделение за интензивна нега во болница, на Фејсбук сподели објава во која се открива низ што поминуваат пациенти кои заради коронавирусот мора да треба бидат ставени на респиратор. Со ова, сака да ги предупредат луѓето кои не ја сфаќаат сериозно можноста од инфекција.
Неговата објава доби скоро 30.000 лајкови и ја споделија повеќе од 59.000 луѓе.
"Ветив на себе си дека никогаш нема да напишам ваков натпис, но не можам да молчам. Ме вознемирува кога гледам колку луѓе сè уште не го сфаќаат ова сериозно, па сакам да ви кажам колку е реално", започна Џејк.
Тој опиша како, како болничар во одделот за интензивна нега, тој ментално се подготвил да работи напорно и да носи тони заштитна опрема, но не се подготвил за емотивните последици што ќе ги доживее во грижата за најранливите пациенти.
"Заштитната
опрема што ја гледате на оваа слика е само мал дел од она што го гледаат
пациентите на Covid-19 секој
ден, секогаш кога некој ќе влезе во нивната соба. Тие поминуваат часови и
часови сами во просторијата. Овие пациенти немаат никаков контакт со човек од
моментот кога ќе влезат во болница се додека не бидат прогласени здрави, или до
последниот здив. Моето срце се крши секој пат кога ќе му пристапам на пациент и
ќе го видам стравот во неговите очи“, напиша тој.
Стравот и осаменоста, истакнува, не е најлошото нешто што го доживуваат овие луѓе.
"Доаѓа време кога нивните бели дробови веќе не можат да функционираат самостојно, па морам да им ја кажам лошата вест дека треба да ги ставиме на респиратор. Тие мораат сами да се справат со оваа вест. Единствениот извор на поддршка и удобност за нив сум јас, докторот или било кое медицинско лице. Една од најтешките работи што требаше да ја направам во мојата кариера беше кога морав да и кажам на возрасена расплакана личност дека ќе дојде моментот од кој најмноу се плаши. Им кажувам да ме држат рака и да замисат дека е на мое место едно од нивните деца. Размислете за следниот пат кога сакате да поканите неколку гости затоа што сте осамени “, пишува Џејк.
Тој додаде дека од таа судбина се погодени не само пациентите, туку и нивните најблиски, кои се во постојан страв и грижа за нив, ама и лекарите кои сакаат да помогнат, но понекогаш не можат.
"Размислете за тоа следниот пат кога ќе кажете дека е сето ова е политичко разочарување игнорирајќи ги предупредувањата. Моите колеги и јас сме исцрпени, трауматизирани и исплашени, но ќе ја издржиме оваа криза. Ние ќе се бориме за нашите пациенти секој ден, без оглед на околностите, но ве молам, не ни го отежнувате излегувањето и собирањето со луѓе ако тоа не е потребно. Останете дома, охрабрете ги вашите најблиски да останат дома, да бидат одговорни и да се молите за оние што се борат со пандемијата “, заврши тој.