Босански доктор тврди дека знае зошто се појавила епидемија на карционом: „Подобро да фрлеа атомска бомба отколку тој вирус“

Кардиоваскуларниот хирург и професор на Медицинскиот факултет во Сараево, д-р Емир Солаковиќ, тврди дека последица од коронавирусот се голем број на видови на рак, но и многу други болести.

Доктор Емир Солаковиќ рече дека денес имаме епидемија на рак кои се директна последица на коронавирусот.

„Постои нешто што е специфично, наследно, нешто што го нарекуваме автоимуна болест, и кое директно зависи од нашиот имунолошки систем. Имунолошкиот систем е тој што ве штити, што ја води битката во вашето тело секој ден, без прекин. Канцерогените клетки постојано циркулираат во нашето тело. Тие се таму, шетаат низ телото, но нашиот имунолошки систем ги запира и ги уништува. Додека имунолошкиот систем победува, вие сте здрави. Но, ако канцерогените клетки го победат имунолошкиот систем, се развива рак“, објасни д-р Солаковиќ, гостин во емисијата „Пресинг“ на N1 БиХ.

Тој исто така рече дека верува оти коронавирусот не потекнува природно.

„Беше направено, фрлено меѓу луѓето. Можам да кажам дека она што се случи со короната е најопасната работа што можеше да го погоди човештвото. Ќе беше подобро да фрлеа атомска бомба бидејќи така го уништија имунитетот на луѓето“, рече д-р Солаковиќ, додавајќи дека короната „го уништи имунолошкиот систем“.

„И кога имунитетот опаѓа, канцерогените клетки добиваат слободен простор“, заклучува тој.

Затоа денес, според кардиоваскуларниот хирург и професор на Медицинскиот факултет во Сараево, кој е наречен и босанскиот доктор Оз, имаме епидемија на рак, но за неа не се зборува.

„Во болниците, на терен, го гледаме тоа секој ден. Луѓе доаѓаат со рак, со сериозни болести, но никој не го поврзува тоа со коронавирусот. Никој нема јавно да каже дека тоа е последица на пандемијата“, објасни д-р Солаковиќ.

Кога заврши пандемијата, заврши и приказната за неа. Но, последиците не исчезнаа. Тие остануваат - и физички и психолошки, тврди докторот. Луѓето се оставени ранливи, ментално исцрпени, многумина завршуваат во психијатриски болници, дури и оние кои на прв поглед изгледаат здрави. Короната, нагласува Солаковиќ, навлегла во сите системи на човечкото тело, особено во најслабите. Со напаѓање на имунолошкиот систем, се отвори вратата не само за рак, туку и за дијабетес, срцеви проблеми и ментални нарушувања.

Денес, луѓето се понервозни од кога било, а менталната состојба на нацијата е нарушена, убеден е д-р Солаковиќ.

„Корона влезе и во нервниот систем, срцето, главата. Не е дека луѓето се под стрес, туку многумина буквално полудеа. Завршуваат во психијатриски болници затоа што вирусот го уништил она што ги држело на нозе. Сепак, малку се зборува за тоа. Веќе нема вести, веќе не е интересно. Но, последиците се тука, околу нас, секој ден, на секој чекор“, заклучи тој.

Дневник.хр  N1

Фото: Принтскрин