БРАК СПАСЕН СО АФЕРА: „Ме изневеруваше, но на крајот тоа беше најдоброто нешто што ни се случи“
Поминував повеќе време на работа отколку со семејството. Се борев помеѓу моето семејство и моите соништа за музичка кариера. Не сакав да го изгубам семејството и не сакав да ја повредам таа друга жена, се сеќава Мет.
Черити (45) и Мет Крег (40) од САД се запознале во црковен камп во тинејџерските години. Неколку години подоцна се венчале, а во 2012 година дознала дека нејзиниот сопруг бил неверен.
Ја изневерил со колешка од работа. Иако не го знаела тоа веднаш, имала силно чувство дека тој има љубовничка, што го потврдиле и СМС пораките кои ги нашла во неговиот мобилен телефон. Таа бесно му дала до знаење дека знае сè, а тој немал друг избор освен да признае сè. Имал силни чувства кон друга жена, но сепак не сакал да ги загуби сопругата и децата. Се одлучил на драстичен потег - дал отказ на работа, само за да се оддалечи од љубовницата и го сменил телефонскиот број.
Тој и ветил на Чарити дека ќе започне од почеток, а таа решила да му даде уште една шанса. Но, сè не поминало толку лесно веднаш. Откако дознала за аферата се разделиле и таа се грижела за нивните деца. Мислела дека никогаш нема да му прости, се до еден ден... Разговарале, поминале низ терапија за парови и се вратиле во врска.
- Оваа афера се покажа како најдоброто нешто што му се случило на нашиот брак. Сè се распадна, бевме во токсично и нездраво расположение. Целиот свет ни се сруши. Не можете да фрлите бомба врз вашиот дом и да си заминете неповредени. Стана многу лично патување. Сега сме посреќни од било кога – изјави таа.
- Пред да ја откријам аферата, бевме во среќен брак и добри пријатели. И покрај тоа, станав толку сомнителна што почнав да го следам секој негов чекор додека сè не ескалира - се присети таа. Мет е директор на маркетинг компанија и признава дека работи преку 60 часа неделно во многу стресна позиција.
- Повеќе време поминував на работа отколку со семејството. Се борев помеѓу моето семејство и моите соништа за музичка кариера. Не сакав да го изгубам семејството, а не сакав ниту да ја повредам таа друга жена – рекол тој.
За да можат да продолжат заедно, морале да се разделат една година и двајцата да работат на себе. Таа откри дека има проблеми со зависноста од него и несигурност. Ја изневерил сопругата - и тоа им го спасило бракот
Таа не сфаќала колку е несреќна додека не поминала низ терапија и не дознала дека всушност го користи „тивкиот третман“ (игнорирање на партнерот и одбивање да комуницира) како форма на контрола и манипулација.
- Таа година на разделба ни даде време да се опоравиме и да направиме се за да ја обновиме меѓусебната доверба. Тој процес навистина му помогна на нашето семејство. Сега целосно ги разбирам нејзините чувства и можам да бидам отворен со неа – рече тој.
- Поминав безброј часови станувајќи подобра верзија од себе - продолжи Чарити. Научија да бидат трпеливи и да се разбираат, пренесува The Star.
Фото: Фб