Бред Пит, машина за деца: По седми пат ќе стане татко?

Иако често се шпекулира, обично шпекулациите на крајот изгледа дека стануваат вистина, барем кога се во прашање холивудските актери. 

Бред Пит е еден од најпознатите мажи во светот, актер со завидна кариера и голем заводник. По распадот на бракот со актерката Анџелина Џоли си најде утеха во новата девојка германска манекенка Никол Потуралски. 

Тие се подолго време во врска, а сега Американските медиуми пренесуваат дека Никол е бремена, и дека актерот наводно по седми пат ќе стане татко.

„Двајцата се возбудени, иако Бред на почетокот беше малку шокиран и збунет“, рекол извор близок на парот.

View this post on Instagram

. . #ootd #photooftheday #photoshoot #model #sunday #style #inspiration

A post shared by Nicole Poturalski (@nicole_poturalski) on



Странските медиуми пишуваат дека Никол е во третиот месец од бременоста и дека на пролет треба да се породи.

„Нивната врска и однос многу се развија. Не планираа бебе, но, се случи, па сега се во слатко исчекување. Двајцата сакаат девојче, особено Никол, која веќе има син“, рекол изворот, а парот не коментирал на оваа тема.