Брена му пееше на уво на Пикси: Тој скокна на оваа песна (ВИДЕО)

Пејачката ја доведе атмосферата до „точка на врење“ во семејната куќа.

Убавата Брена и нејзиното семејство вчера ја прославија својата куќна слава по повод големиот празник Св. Ахангел Михаил, а во нејзината вила на Бежанијска коса дојдоа многу познати личности.

Меѓу нив беше и селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ - Пикси. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Пикси се забавува додека Брена му пее на уво.

Таа ја пееше песната „Кажете му дека го сакам“ (Recite mu da ga volim) додека тој танцуваше на стол и вртеше бела салфетка.

Инаку, Пикси дојде во друштво на сопругата Снежана Стојковиќ која беше видно расположена цело време додека Брена пееше.


Фото:screenshot/instagram