Брендингот на Halk EZ финалист на BalCannes 2025 – доказ дека младешкиот дух може да се преточи во автентичен бренд

Halk EZ, банкарскиот пакет за млади, го освои вниманието на регионалната креативна сцена. Визуелната бренд приказна, создадена од маркетинг агенцијата Ефектива за Халкбанк, е финалист на престижниот фестивал BalCannes 2025 во категоријата „Брендинг“.
BalCannes не е само уште еден натпревар во креативност – тој е огледало на најдобрите идеи од регионот, каде што најиновативните агенции и брендови се натпреваруваат за место меѓу најдобрите. Оваа година, брендингот за Halk EZ се најде меѓу финалистите, докажувајќи дека автентичното разбирање на младите и храбрата креативност можат да создадат бренд кој не само што комуницира, туку и живее заедно со својата публика.
„Halk EZ не е само банкарски производ – тоа е автентично искуство обликувано според енергијата, стилот на живот и дигиталните навики на младите. Брендинг решението за Halk EZ го создадовме како нешто што младите ќе го препознаат како свое, нешто што зборува нивен јазик и пулсира со нивната динамика“, вели Софија Семенпеева Трајановска од маркетинг агенцијата Ефектива.
Натпреварот BalCannes е еден од најпрестижните регионални настани посветени на креативната индустрија. Годинашните победници ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи во рамки на фестивалот Денови на комуникација (Dani Komunikacije), во Ровињ, од 15 до 18 мај. Пласманот на брендингот на Halk EZ во финалниот круг е признание за успешната синергија помеѓу иновативниот маркетинг и смелите банкарски решенија, кои го менуваат начинот на кој брендовите комуницираат со младата публика.
ПР објава