Британците во дилема: Дали Принцот Хари и Меган Маркл ќе наплаќаат ќирија на принцезата која се вселува во нивниот дом?

Меган Маркл и принцот Хари и дозволија на принцезата Евгенија да се пресели во „Фрогмор“, нивната стара резиденција, додека сега се во САД, но прашање е дали Евгенија и нејзиниот партнер треба да плаќаат закупнина. Оваа палата е на принцот Хари и е една од најубавите во Обединетото Кралство. Располага со дури 15 спални соби.

Минатиот месец принцезата Евгенија (30) и Џек Бруксбанк (34) се преселиле во „Куќата Фрогмор“, поранешниот дом на Меган и Хари. Се верува дека имотот бил „позајмен“ на кралската двојка, која го чека своето прво дете на почетокот на следната година, додека војводата и војвотката од Сасекс ги градат своите нови животи во САД.

Извор близок до британското кралско семејство изјави дека тој не верува дека тоа ќе се случи.

- Сум видел неколку извештаи за тоа, но мислам дека не плаќаат кирија. Овој потег ми е логичен пред се поради целокупната состојба со пандемијата, како и поради тоа што Евгенија е бремена.

Извор: 24 седам