Бункер 42: 18 ката под земјата се наоѓа една од најдобро чуваните тајни на Москва (ФОТО)
Длабоко под московските улици е метеж од тунели и простории во кои 30.000 луѓе би можеле да преживеат 90 дена без да излезат надвор.
Откако поранешниот Советски Сојуз ги изврши првите нуклеарни тестови, беше утврдено дека засолништата мора да се градат на длабочина од најмалку 50 метри под земјата за да се избегнат последиците од ударот и радиоактивното зрачење. Тогаш беше дизајниран и создаден Бункер 42!
Инженерите беа соочени со огромен предизвик - требаше да изградат монументална и безбедна градба според одредени спецификации под градските улици, без да ја нарушат постојната инфраструктура и без да бидат откриени од граѓаните и политичките непријатели. Тоа беше една од најдобро чуваните тајни на Москва.
Од стратешки причини и близината на московскиот Кремљ, Бункерот 42 почна да се гради под еден рид во областа Тагански, пишува Pun kufer. Изграден е до 1956 година. Беше наменет за членови на политичкиот врв, за среќа на населението, никогаш не беше искористен за својата примарна функција.
За време на Студената војна, тоа беше база која ги надгледуваше авионите што превезуваа чувствителен товар како што е нуклеарното оружје.
Музеј на Студената војна
Денес, овој простор е претворен во историски споменик и музеј наречен Бункер 42, кој открива како изгледал животот зад Железната завеса.
Секој посетител, кога ќе добие билет, се спушта на 18 ката под земја и се наоѓа во простор во кој 30.000 луѓе би можеле да преживеат 90 дена без да излезат на светлината на денот.
Во рамките на музејот има ресторан со руски специјалитети, а просториите се изнајмуваат за проби и настапи на хеви метал бендови, тим билдинг, конференции, па дури и свадби.
извор:nationalgeographic.rsфотографии:SHUTTERSTOCK