Цеца на 14 години пеела во кафеана во Црна Гора: Се појави видео од нејзиниот настап, само да ѝ го слушнете гласот (ВИДЕО)


Фолк ѕвездата може да се види на видео од 1987 година додека пее во Црна Гора

Светлана Цеца Ражнатовиќ никогаш не криела дека почнала да пее кога била многу мала, а микрофонот првпат го фатила на само пет години, додека на 10 настапувала на фолк фестивали, а сега има докази кои ја поткрепуваат таа приказна.

Цеца најпрвин ги испеала песните на колешките Весна Змијанац и Гоца Лазарвиќ, а потоа ја загреала атмосферата со песната Шемса Суљаковиќ „Баш ме брига“ и други.

Интересно е тоа што нејзиниот глас значително се променил со текот на годините, а слушнете како звучела Цеца кога имала само 14 години:

Ражнатовиќ еднаш зборуваше за нејзините почетоци:

- Почнав кога бев многу мала, мајка ми мѝ беше ментор, ми ги исправаше грешките. На сцена се качив на пет години, а на 10 почнав да настапувам локално на забави, бидејќи веќе бев ѕвезда на мое место и чудо од дете. На 14 години го снимив првиот албум, другото е историја – изјави Цеца, која беше многу млада кога требаше да замени пејачка на една прослава:

- На пет години за прв пат излегов на сцена, на пејачката која го организираше натпреварот и се слоши. Тогаш имаше строги критериуми, таа требаше да биде победник на тој натпревар, да добие хартија за да може да настапува во некој ексклузивен хотел и ѝ се слоши. Колегите на мајка ми знаеја дека сум талентирана затоа што пеев во хорот и ме замолија да дојдам да настапам. Прво се чудеа: „Како може да дојде Цеца, дете е, има пет години, ќе се исплаши“, но потоа беше: „Нека излезе“. Излегов како вистинска пејачка, така спонтано почна мојот пат, песната што ја испеав беше оригиналната „Едно утро рано кога се раздени, свекрвата стана да ја разбуди снаата“ – Цеца ги насмеа сите присутни со анегдота за нејзиното детство.

Незиниот настап можете да го слушнете на 1:00:00.


Фото:screenshot/instagram