Целосен пресврт: Кобра умре од гризнување на дете
Кобра умре откако младо момче направи неверојатен пресврт и ја касна…
Според USA Today, овој инцидент се случил во Индија на 31 октомври, кога потенцијално смртоносна кобра нападнала осумгодишно момче. Сеќавајќи се на застрашувачкиот момент додека разговарал со The New Indian Express, детето, именувано само како Дипак, кое живее во далечното село Пандарпад во областа Дашпур, си играло во својот двор кога наишло на змијата.
Овој млад планинар вели дека змија му се замотала околу раката и го каснала. Откако му нанела големи болки, момчето се обидело да ја оттргне од раката, но безуспешно, а потоа решило да и возврати и да ја касне двојно посилно.
„Сè се случи додека трепнеш“, вели Дипак. По неговиот дуел со кобрата, момчето било пренесено во блискиот здравствен дом, каде што добило доза противотров за каснувањето од змија. Неговиот лекар, д-р Џејмс Мин, изјавил дека откако поминал цел ден под опсервација, момчето било пуштено дома, без никакви симптоми на труење.
Брзото закрепнување на момчето докторот го припишува на тоа што кобрата направила таканаречено суво каснување, односно го каснала месото на момчето со забите, но не испуштала отров. Како резултат на тоа, само областа погодена од залак станала болна и покажала симптоми на труење.
Сепак, кобрата очигледно во оваа борба починала од повредите- гризнувањето на момчето.
Според Wildlife SOS, во светот има речиси 3.400 видови змии, додека во Индија може да се најдат дури 300, од кои 60 се отровни, додека нешто повеќе од 40 се опишани како „умерено отровни“.
Кобрите припаѓаат на семејството змии Elapidae и лесно се препознаваат по широкиот врат. Индиската кобра, позната и како Spectacled cobra, може да порасне до 1,5 m во должина, додека на овој континент можете да ги сретнете монокледната кобра (индиска плукачка кобра), Касписката, Андаманската и Кралската кобра.