Забава // Занимливости
ЦЕЛОСНО СЕ ЗАТВАРА ОБИКОЛНИЦАТА КАЈ СОЛУН, КОН ХАЛКИДИКИ: Еве кога и колку долго ќе трае затворањето
- 18 Август, 2025 12:21

На популарната страна на социјалните мрежи - Грција инфо, посветена за сите важни информации за Грција, објавено е дека денес од 22:15 часот па се до 5 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај обиколницата кон Халкидики.
„ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – СОЛУН
Понеделник, 18 август
Од 22:15 до 05:00 часот
Обиколницата кон Халкидик ќе биде затворена – целиот сообраќај ќе се одвива низ центарот на Солун.
Вторник и среда, 19–20 август
07:00–16:00 часот
Работи на уличното осветлување – повремено затворање на десната лента во двата правци.
Возете внимателно, следете ги знаците и планирајте алтернативни правци“, се вели во објавата.