Чарли Шин со емотивна порака ја испрати во вечноста: Почина Берта од хит серијата „Два и пол мажи“:
Актерката и sвезда на хумористичната серија „Два и пол мажи“, Кончата Ферел почина на 78-годишна возраст.
Таа почина во болница во Калифорнија, каде беше хоспитализирана во мај годинава. Актерката поминала четири недели на интензивна нега, кога доживеала и срцев удар кој траел 10 минути. Нејзиниот сопруг тогаш изјави дека е во полусвесна состојба и не може да комуницира.
После срцевиот удар, таа била на дијализа и на респиратор, а лекарите се бореле за нејзиниот живот. Пред тоа, во декември 2019 година, актерката беше хоспитализирана со инфекција на бубрезите.
Кончата е номиниран за Еми награда три пати, а најпозната е по улогата како домаќинка на Чарли Шин Берт, од серијата „Два и пол мажи“.
За смртта на Берта, Чарли на својот профил на Твитер напиша: „Апсолутна душичка, вистински пријател, шокантна и болна загуба“.
Фото: Твитер