Честа машка дилема – што ги привлекува жените? Еве што
Честа машка дилема е – што ги привлекува жените? Што всушност жените сакаат од мажите? Мажите имаат сопствена идеја за тоа кој е добар фраер, а кој не е, кои особини се пожелни, но таа идеја често пати не се поклопува со женското мислење.
Ако сакаат таа дилема да ја решат и отворено да прашаат некоја жена за тоа, ќе се разочараат. Не само што секоја жена ќе има некоја своја престава за тоа како треба да биде идеалниот маж, туку и затоа што многу често не умеат рационално да објаснат зошто им се допаѓа ова или она.
Сега некој злобник би можел да каже дека жените и онака не се познати по рационалното расудување, но тука не се работи за тоа. Тука станува збор за она што жените го сметаат за привлечно, како и причините за тоа.
Се работи за тоа што девојчињата релативно рано формираат престава за тоа каков би требало да биде „принцот на бел коњ“.
Случувањата и искуствата низ кои поминуваат девојчињата помеѓу својата трета и десета година најмногу ќе влијаат на нејзиното формирање на идеата за идеален маж.
Што се однесува до физичкиот изглед, може да се случи да и се допадне широки рамења на кои им се восхитувала додека била мала, а спасувач со широки рамења ја спасил, можеби во некој момент се изгубила и расплакала, а чичко со топли смеѓи очи ја сослушал и и помогнал да ја најде мама.
Во такви случаи несвесно ќе ги поврзува широките рамења и смеѓите очи со сигурност и топлина – а лесно може да се случи да не се сеќава на случките и затоа да не се сеќава зошто баш тие физички карактеристики и се допаѓаат.
Приказната е слична и за особините. Она што девојчето го доживеало како особини кои и годат, или кои што научила да ги поврзува со мажевноста, како жена ќе бара и ќе сака да ги има идниот маж.
Може да дојде и до стекнување на спротивставени искуства – да речеме крупен, груб маж истовремено да биде гледан и како застрашувачки и како некој кој што може да ја заштити, па жената подоцна може истовремено да се плаши од такви мажи, но и да сака да биде со нив.
Како да знаете што ќе ја привлече жената за која сте заинтересирани?
Нема начин тоа да го дознаете, освен да ја запознаете и да научите што е тоа што таа го цени. Нејзината престава за идеален маж таа ја формирала во детството, а вие тешко можете однапред детално да знаете какво и било детството и што и оставило најсилни впечатоци.
Ви останува само да пробате – и да се надевате на најдоброто.