Четворица другари се сликаа на плажа: Не ни помислија дека истиот ден ќе се борат за живот во една од најголемите трагедии во Југославија
Пред 45 години, Црна Гора ја потресе катастрофален земјотрес, во кој загинаа 101 лице, а беше уништен голем дел од брегот
Силниот земјотрес добро го паметат соговорниците на ТВЦГ, меѓу кои беше и студент од Италија, кој на 15-ти април беше на екскурзија во Црна Гора. Со чиста среќа, тие преживеаја, а за ТВЦГ, спомените ги оживуваат.
Заедничка фотографија на четворица пријатели, кои дошле од Италија на екскурзија во Црна Гора, била снимена рано наутро на 15-ти април 1979-та година. Не долго потоа, идиличната околина на Сутоморе била заменета со ужасот на земјотресот.
„Се вративме во хотелот околу 7:15 часот и во тој момент почна страшно да се тресе. Почнавме да бегаме, додека Баќко ми помогна да поминам низ заглавената врата. Истрчавме до плажата, на безбедно, бидејќи целиот хотел се нишаше и се вртеше од земјотресот“, вели директорот на Центарот за борба против организираниот криминал во Италија, Алфредо Луци.
Фото: PRINTSKRIN / YOU TUBE
А на фотографијата од Сутоморе е школскиот другар на Алфред Бранислав Баќко Краљевиќ, кој верува дека преживеале благодарение на сплет на среќни околности.
„Планот беше да останеме во хотелот „Агава“ во Бар, за кој се знае дека падна како куќа од карти, но не останавме таму бидејќи се подготвуваше за сезоната и го средуваа, а нè сместија во хотелот Никшиќ во Сутоморе“, се сеќава тој.
Сликите од сето она низ кое поминале сѐ уште се живи.
„Трчавме кон плажата, беше неверојатно, како некој да ви го движи тепихот под нозете. Се сеќавам како вчера да беше, куќи паѓаат, покриви паѓаат, ридот Созина паѓа, камења паѓаат, Волујица е во чад, не знаевме што нè удри“, вели Краљевиќ.
Паника настанала и во Италија бидејќи два дена немале никакви информации за своите најблиски, додека наставниците и децата се обидувале што поскоро да излезат од погодената област.
фото: PRINTSCREEN RTCG„Следниот ден со нашиот автобус тргнавме што подалеку од зоната на земјотресот, кон Дубровник, со двајца професори кои не придружуваа“, вели Алфредо Луци.
„Италијанската полиција се вклучи и стапи во контакт со еден од нашите радио аматери кој рече дека видел автобус со римски или италијански таблички како минува низ Будва и потоа има надеж во нив дека сепак сме живи“, се сеќава Краљевиќ.
фото: PRINTSCREEN RTCGИ не помина долго пред децата да се вратата кај своите семејства. Со траект од Дубровник беа префрлени во Бари, каде ги пречека тогашниот претседател на Италија, Сандро Пертини, како и бројни новинарски екипи. 45 години подоцна емоциите сѐ уште се силни.
„Како на филм, се сеќавам на секој детал бидејќи ми е врежан во меморијата“, вели Краљевиќ.
„После толку години, ова е сè уште емотивен момент. Беше патување за паметење, и за добро и за лошо“, вели Лузи.
Фото: PRINTSKRIN / YOU TUBE
Алфредо и Баќко, за разлика од многумина, имаа среќа. 101 лице во Црна Гора и 35 во Албанија не го преживеаја земјотресот од 7 степени по Рихтер. Земјотресот предизвика катастрофални разурнувања на целото црногорско крајбрежје.
Извор: Курир.rs/TVCG