Човекот кој заборави да умре: Лекарите му дадоа девет месеци живот, но тој ја мамеше смртта 40 години и сега ја откри својата тајна

Човек кој ја мамел смртта 40 години за својата долговечност го „обвини“ живеењето во таканаречената „сина зона“, едно од ретките места во светот каде што е докажано дека луѓето живеат подолго. Иако репутацијата на тоа место - „островот на кој љубовниците забораваат да умрат“ звучи донекаде фантастично, тоа е необична појава чиј најдобар пример е еден Грк.

Жител на Икарија, Стаматис Мораитис, во интервју за „Би-Би-Си“ пред неколку години објасни дека во 1976 година му бил дијагностициран рак, а лекарските прогнози биле дека му остануваат меѓу шест и девет месеци живот.

Поради високите трошоци за погребите во САД, каде што тогаш живеел и работел, Стаматис решил да се врати на родниот остров, да ужива во природата и виното и, како што изјавил, да го чека судниот ден.

Меѓутоа, како што минувало времето, тој се чувствувал посилен, ги надживеал лошите прогнози и сфатил дека можеби му останува повеќе време отколку што предвидувале лекарите.

„Поминаа шест месеци - ништо, па девет - сепак ништо, смртта не дојде. 45 години од тогаш, сè уште пијам вино и работам“, изјави еднаш Стаматис за медиумите.

Му било кажано дека има најмногу девет месеци живот, но наместо тоа, тој издржал уште речиси 40 години и починал на возраст од 98 (официјално) или 102 (според него) во 2013 година.

Тој го препиша своето здравје и закрепнување на чистиот воздух, добрата храна и животот без стрес на островот, шегувајќи се дека „виното помогнало“.

Според Националната библиотека за медицина, студиите покажале дека само околу 20 отсто од животниот век на една личност е определен од генетиката, а остатокот зависи од начинот на живот. Сепак, студиите на Сините зони открија дека уживањето во здрав начин на живот не им помага на поединците толку многу како на луѓето што живеат на „здрави“ места.


Покрај островот Икарија во Грција, други локации на „сината зона“ низ светот ги вклучуваат јапонскиот остров Окинава, медитеранскиот остров Сардинија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика. Луѓето кои живеат во овие делови од светот статистички живеат подолго, се поздрави и имаат помали шанси да развијат сериозни здравствени проблеми подоцна во животот.

Причината зошто е тоа така е затоа што луѓето од овие области имаат можност да се хранат поздраво, пред се‘ поради храната што се произведува во ова локално подрачје.

Жителите на некои од овие места практикуваат и обичаи за кои се верува дека ги одржуваат во живот подолго од вообичаеното, па жителите на Окинава прибегнуваат кон умереност во јадењето со тоа што никогаш не се целосно сити, што веднаш подразбира помал внес на калории.


Фото и Видео: Youtube

Извор: блиц