Човекот кој заработува 5,1 милијарди долари на ден
Бернард Арно, претседател и извршен директор на групата LVMH, која поседува 75 луксузни брендови, вклучувајќи ги Диор и Луис Витон, заработи 5,1 милијарди долари за еден ден.
Откако беше објавено дека продажбата на LVMH се зголеми за 17 проценти, цената на акциите на компанијата скокна за 5,6 проценти и го запечати богатството на Арно на 99 милијарди долари.
Според „Форбс“, парискиот конгломерат забележа најголем раст на продажбата во Хонг Конг, и покрај протестите што се одвиваа во тој автономен кинески град.
Во последниот квартал продажбата порасна за 12 проценти, претежно козметика.
Компанијата забележува дека ова може да се припише на неодамна отворената продавница Сефора во Хонг Конг.
Арно стана третиот најбогат човек на светот во април. Пред него се наоѓа најбогатиот човек на светот, Џеф Безос од „Амазон“, чие богатство се проценува на 107 милијарди долари, а Бил Гејтс од „Мајкрософт“ на 105 милијарди долари.
"Лансирањето на производите сега мора да биде глобално за да бидат успешни. Потребно е и поголема инвестиција. Она што најдобро го прави LVMH е создавање пожелни нови производи и продажба на нив ширум светот", изјави Арно за Форбс во 2017 година.