Чудата на Свети Наум: Едно од петте најголеми чуда во Македонија
Свети Наум Охридски Чудотворец (о. 830 - 23 декември 910) — средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета. Денес неговите мошти се изложени во по него наречениот манастир „Св. Наум“.
Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, тој учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во Првото Бугарско Царство, каде го поминал остатокот од својот живот. Првично тој живеел во престолнината Велики Преслав, каде се приклучил во работата на Преславската книжевна школа. Подоцна Наум заминал во Охрид, каде му се приклучил на св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.
Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа, каде работел како учител од 886 до 893 година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата Кирил и Методиј, во 893 година, кога Климент бил назначен од бугарскиот цар Борис I за словенски епископ во Дрембица и Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во 900 година се повлекол во манастирот посветен на свети Архангел Михаил. Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко братство.
Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. На св. Наум Охридски му се припишуваат делата:
Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква.
Култот на св. Наум
Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран за светец, поради чудата кои се случувале на неговиот гроб и во манастирот, а култот за него започнал да се шири во Македонија, како и во Бугарија, Албанија и Грција.
Чудата на Свети Наум
Најпознато чудо, од многуте, кое и денес се раскажува меѓу народот, запишано и од страна на Кузман Шапкарев, е приказната за волот и мечката, настан овековечен на фреската во охридскиот манастир посветен на Свети Наум.
Една мечка се намерачила на волот на слугата што го орал вакавскиот (манастирски) имот и го изела. Човекот се пожалил на Свети Наум и овој за кратко време ја нашол мечката и за уште пократко, ја припитомол. Па, ја спрегнал за казна заедно со волот три години да ора.
Меѓу месното население и денес се прикажува дека ни брод, ниту автобус не тргнува ако во него има крадец. Тоа најчесто се обистинува на денот на Свети Наум, верскиот празник 2 јули кога во манастирот се врши служба, се собираат верници, луѓето за здравје преспиваат во црквата…
За овој манастир се врзани многу настани кои се дефинираат како чуда. Едно од нив е патот на семејството Јајчар од пред осумдесет и неколку лета господови. Еден настан, едно дете од тој трети Јули засекогаш ќе ја зацврсти вербата во православното македонско христијанство.
Потекнувале од Охрид, ама животните патишта ги преселиле на другата страна од границата, во албански Поградец. Иако биле во друга држава, не заборавиле на традицијата и празникот посветен на чудотворецот.
Сведоштвата за Наум Јајчар ги има во црковните книги за чудата на Св Наум Охридски. Наум Јајчар сам го раскажувал своето чудо.
Наум бил болен, но тоа не го спречило неговото семејство да замине во манастир. Со сите роднини и тој тргнал на панаѓур. Биле лоши времиња, границата тешко се минувала. Но семеството Јајчар успеало да стаса до храмот на чудотворецот. До неговата пет годишна возраст друго било неговото име. Бил крстен како Михаил, ама тој ден се променило се па и неговото име. Го добил вели од светецот кој го вратил во живот. Наум Јајчар е чудото кое живее. Благодарен е за вториот живот, а вербата во бога и моќта на светците нема да ја заборави.