ЧУДО: Откриен таен дел од египетските пирамиди, кој го виделе само 50 луѓе во последните 4.600 години

Пирамидите во Гиза се сметаат за една од најпознатите и најстарите градби во светот. Тие се изградени пред 4.600 години на западниот раб на долината на Нил, на околу 15 километри од главниот град на Египет. Иако секоја година ги посетуваат околу 14 милиони луѓе, некои делови се кријат од љубопитниот поглед на јавноста.

Или така беше до неодамна, односно додека Џими Доналдсон, попознат како MrBeast, не сними видео во нив. Најпопуларниот јутјубер во светот доби ексклузивен пристап до скриените простории и древни гробници во Гиза, а во оваа авантура му се придружил и угледниот археолог д-р Захи Хавас.

MrBeast снимил видео наречено „Поминав 100 часа во пирамидите“, во кое открива детали кои дури и локалните жители немале можност да ги видат. Нему му бил дозволен влез во гробницата Ајмери, која ја красат древни цртежи на Египќани и кои го прикажуваат нивниот живот пред речиси пет милениуми.

Влегол и во големата сфинга за да провери дали оваа монументална статуа на лав со човечка глава навистина крие неверојатни богатства и злато, а го видел последното почивалиште на градителите на пирамидите.

Се разбира, поголемиот дел од таа авантура го поминал во Големата, односно во Кеопсовата пирамида. Не само што се спуштил до најниската точка на гробницата, туку се искачил и на највисокиот дел – место кое во последните 4.600 години го виделе само 50 луѓе.

Што снимил во ова единствено преостанато чудо на стариот свет, проверете во неговото видео подолу.