Забава // Занимливости
ЦИА објави нова загатка: Можете ли да ја дешифрирате (ФОТО)
- 18 Февруари, 2021
Американската централна агенција за разузнавање привлекува
големо внимание на Твитер, а за време на викендот им постави романтична загатка
на своите следбеници.
Се чини дека романтиката не им е туѓа на американските разузнавачи, бидејќи тие криптично го честитаа Денот на вљубените во Америка.
Тие објавија твит со симболи кои требаше да се дешифрираат, а решението за загатката беше познатата рима што се користи во САД на 14 февруари, односно Денот на вљубените.
Can you decipher this code?#Trivia #Game pic.twitter.com/UkIu2jMQoJ
— CIA (@CIA) February 12, 2021
„Розите се црвени. Синоличките се сини. Среќен Денот на вљубените од ЦИА“, беа стиховите што корисниците на мрежата ги декодираа.
Фото: Твитер