Црта со раце и нозе: Генијалната уметница Ивона Драгиќевиќ има ретка способност што ја прави уникатна (ВИДЕО)
Младата хрватска уметница Ивона Драгичевиќ, попозната на социјалните мрежи како Ивона Артем, неодамна го привлече вниманието на јавноста со неверојатно видео во кое црта истовремено со двете раце и нозете. Несекојдневниот талент, споен со нејзиниот уникатен стил и впечатлива креативност, ја позиционира Ивона како rising star не само на хрватската, туку и на светската уметничка сцена.
Уметничката приказна на Ивона започнува уште од градинка
Родена на првото утро од 1999 година во Загреб, Ивона отсекогаш била дете со исклучителна љубов кон визуелната уметност.
„Во градинка моето омилено место беше масата со хартија и фломастери. Се сеќавам на цртеж од лизгалки со молив на ѕидот – изгледаше толку реално што си реков: „Дали јас некогаш ќе можам вака да цртам?’“, раскажува Ивона за хрватските медиуми.
Нејзината пасија не згаснала ниту во училиштните денови, каде што наместо вообичаени подароци, на семејни собири подарувала свои цртежи, а на училишните другарчиња им цртала по нарачка. „Едноставно знаев дека мојот пат е уметноста“, вели таа.
Амбидекстерноста – повеќе од талент, начин на живот
Она што ја издвојува Ивона од другите млади уметници е нејзината ретка способност – амбидекстерност. Таа подеднакво добро користи и лева и десна рака, но во нејзиниот случај, тоа оди и чекор понатаму: Ивона црта и со нозете!
„Кога првпат зедов молив, ме учеа да пишувам со десна рака, затоа што ‘светот е десничарски’. Но, тато се сеќава дека и тогаш упорно цртав прави линии со левата. Јас едноставно така функционирав – природно“, вели таа.
Во секојдневниот живот, амбидекстерноста ѝ носи практичност: глушецот го користи со десната, топка фрла со левата, а приборот за јадење – „како ќе ми дојде“. За Ивона, оваа способност не е само „трик“, туку основа за нејзин уметнички израз.
Уметноста како перформанс
Што следува?
Ивона Артем е дел од новата генерација уметници кои социјалните мрежи ги користат како платформа за промоција, но не и како крајна цел. Таа сонува за изложби, креативни колаборации и отворање на свој уметнички простор. Но, останува верна на својот автентичен пристап и љубовта кон цртањето како начин на живот.
„Мојот идеален ден? Хартија, боја, мир и добра музика. Тоа ми е доволно“, завршува Ивона.
Фото: Инстаграм
Извор: Mood.hr