Да ве фати и страв и срам да појдете во овој тоалет: Јавно WC во Кина

Инспириран од пролетта, а има и сопствена еколошка градина

Пролетта и природата послужија како главна инспирација за дизајнот на јавниот тоалет сместен на шестиот кат во трговски центар во Кина.

Кога се во прашање јавни тоалети, првата мисла е тие да бидат едноставни и практични. Меѓутоа, кога е во прашање новиот тоалет во трговскиот центар Деџи Плаза во Кина, неговите дизајнери решиле да биде се' освен тоа.
Наместо бели плочки и простор без претерани детали, тие ја исполнија неговата внатрешност со луксузни детали, растенија и простор за одмор.


„Го дизајниравме овој проект со надеж дека ќе ѝ оддадеме почит на пролетта, во време кога се соочуваме со еколошка криза“, рече Ли Ксијанг, главен дизајнер и основач на H-Living со седиште во Шангај. Додава дека инспирацијата ја црпел од природата, а цвеќињата, растенијата и инсектите ги претворил во апстрактни форми за да ја украси внатрешноста на тоалетот.

Почнувајќи од таванот со позлата што наводно асоцира на пчели, до белите растенија кои „извираат“ од фонтаната во централниот дел на просторијата и црно-белите облици на подот кои наликуваат на крилја на пеперутка, секој детал е специјално дизајниран да им овозможи на посетителите незаборавно искуство.


Покрај просторот каде што посетителите можат да се тушираат, гостите имаат пристап и до дневна соба со софи кои оставаат впечаток на расцутени цвеќиња. Додека зелените мермерни мијалници се инспирирани од фонтаните, лоцирани во близина на просторот посветен на децата и медицинскиот персонал.

извор:nationalgeographic