Далеку сме ние и од Нигерија: Еве што поседува главниот град и како се гради
Нигерискиот град Лагос ги урива предрасудите за Африка како сиромашно и неразвиено место, бидејќи овде сè е полно со луксузни автомобили и градежни машини.
Во источниот дел на Лагос, во 2000 година, заврши изградбата на луксузна населба изградена на вештачки остров наречен Банана, поради неговата форма. Многумина го споредуваат со Трибека во Њујорк и Шибуја во Токио, бидејќи е дом на милијардери кои уживаат во луксуз, далеку од градската гужва.
Островот зафаќа 1,63 милиони квадратни километри во лагуната Лагос и е на осум километри од трговскиот и финансискиот центар на главниот град на Нигерија.
Луксузот, како и секаде во светот, тука има своја цена. Квадрат земјиште се продава по цена од 1.100 долари. Куќите, кои е тешко да се најдат на пазарот бидејќи ги нема многу на островот, се продаваат со почетна цена од 2,75 милиони долари. Најскапата куќа со шест соби и 2.600 квадратни метри градина е продадена за 13 милиони долари.
На островот има и три резиденцијални области, Ocean Parade Towers, Bella Vista Tower и Lakepoint Apartments. Најпосакувана е Ocean Parade, поради бројните капацитети, кои вклучуваат тениски терени, базени со олимписка големина, две спортски сали и области наменети само за деца.
Како што првично беше планирано, островот Банана е ексклузивна заедница поделена на 553 имоти со големина од 1.000 до 4.000 квадратни метри, а највисоката висина на куќата е до три ката. Првите куќи биле изградени во британски и традиционален дубајски стил, многу импозантни и со големи уредени градини. Поновите куќи се модерни во стил, но тесни и со прави агли, бидејќи се наоѓаат на земјиште со тесен имот.
Базените се многу популарни и речиси секоја куќа има таков. Кујните мора да бидат направени по мерка, а гардероберите се задолжителни.
За повеќето жители на оваа земја, кои трошат по два долари дневно, ова е недостижен сон. Тука живеат добростоечки Нигеријци и бизнисмени кои имигрираат во оваа африканска земја од САД, Велика Британија, Либан, Индија и Франција и кои најчесто работат за мултинационални компании.
Многумина истакнуваат дека овој вештачки остров е доказ дека работите можат добро да функционираат во Нигерија. Се што ви треба се пари, планирање и визија.
Инаку, просечната плата во Нигерија се движи од 130 до 320 евра.