Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?
Во секоја демократска држава, граѓаните имаат привилегија и одговорност да учествуваат во изборниот процес. Секој од нас има граѓанска должност да излезе на избори и да гласа. Гласањето не е само право, туку и обврска, која произлегува од нашата улога како активни членови на демократското општество.
Преку гласањето, не само што ја изразуваме нашата индивидуална волја, туку го користиме правото на избор, како најсилно оружје, за да ги одбраниме нашите ставови, идеи и одлуки. Секој глас директно влијае во формирањето на политичките одлуки кои имаат влијание на нашето секојдневие.
Во секое демократско општество, каде што секој од нас има право на мислење и избор, најважното е да се учествува во гласањето и во креирањето на сопствената држава. Вашето отсуство на изборите, ќе го ограничи вашето право и на тој начин, нема да ја исполните вашата најважна граѓанска должност. Гласањето не е само привилегија, туку и одговорност, па доколку не чувствуваш одговорност за своите постапки, тогаш најголемиот виновик си ти и баш поради тоа, “Не е до нив, до тебе е“.
Одлуките ги носиш ти и во секоја одлука учествуваш ти. Иако е само еден глас, можеби токму твојот, ќе пресече во одлуката, затоа кажи го твоето мислење, искористи ја моќта на гласачкото право, оправдај ја твојата граѓанска должност и гласај. Гласај затоа што само така имаш моќ да насочиш, да подобриш, да задржиш или да промениш. И запомни - не е до нив, до тебе е.
Доколку го искористиш твојот глас, ќе го одбереш патот по кој заеднички ќе се движиме кон упеси за сите нас и само така ќе докажеш дека не е до нив, до тебе е.
Со тоа што ќе го искористиш правото на глас, се грижиш за твоите блиски и сакани, се грижиш за иднината на татковината и им даваш одличен пример на новите генерации. Доколку на овие избори излезеш и гласаш, ќе ги мотивираш сите околу тебе да го искористат нивното право и да ја исполнат нивната основна обврска. Гласај, за да им покажеш и на останатите дека не е до нив, до нас е.
Твојот заокружен избор е таен и останува меѓу тебе и параванот, но во моментот кога гласаш, гласно се бориш за твоите потреби. Гласај, затоа што тоа е единствениот начин да го искажеш твојот став, твоето размислување, твојата желба и твојата идеја за подобра држава. Гласај, затоа што гласањето не е само право на избор, туку е и израз на твоја граѓанска совест, свест и одговорност. Гласај, затоа што „Не е до нив, до тебе е!“
пр објава