ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ - Втора епизода: Со невидена леснотија се кршат работничките права
„Пристојното работно место е човеково право, а не прашање на лотарија“ беше темата на втората емисија од серијалот документарни филмови „Дали личиме на ЕУ“.
Додека во Македонија со невидена леснотија се кршат работничките права и постои страв од органзирање во синдикати, како и тоа дека повеќе од 150.000 невработени би прифатиле работа под какви било услови, во Австрија повеќе од 98 проценти од сите вработени се покриени со колективни договори.
Синдикат ПРО-ГЕ, Австрија: Сите работодавачи, без разлика дали се големи и мали, мораат да применат колективни договори
Благоја Ралповски, КСС: Работниците работат под стрес и неизвесност дали ќе ги загубат работните места и нема да можат да го преживеат следниот месец.
Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор во Австрија: Каде младите ја гледаат иднината покажуваат бројките. Во последните десетина години бројот на македонски државјани што живеат и работат во Австрија се зголемил од 16 на 27 илјади. Колкави ли се бројките во Германија, Италија, Шведска.
Погледнете ја епизодата во целост: