Дали некогаш сте се запрашале каде завршува вашата облека?
Најсувата пустина во светот стана депонија за глобална брза мода, а планините од фрлена облека стануваат се поголеми.
Фотографиите покажуваат огромни купишта џемпери, чизми и друга фрлена облека во пустината Атакама во Чиле, која се повеќе страда од загадувањето создадено од модната индустрија.
Во чилеанското пристаниште Икике секоја година пристигнува околу 59.000 тони облека, обично произведена во Кина или Бангладеш. Потоа поминува низ Европа, Азија или САД пред да стигне до Чиле. Оттаму облеката се препродава низ Латинска Америка. ...
И покрај тоа, само мал дел од облеката што завршува во Чиле се купува локално. Најмалку 39.000 тони не можат да се продадат и завршуваат на депонии во околната пустинска област на пристаништето Икике, пренесува AFP.
Облеката направена од синтетички материјали или обработена со хемикалии може да потрае 200 години за биоразградување и е исто толку токсична како и фрлените гуми или пластика.
Во 2019 година, ОН открија дека модната индустрија е одговорна за 8 до 10 проценти од глобалните емисии на јаглерод. За да го ставиме тоа во контекст, тоа е повеќе од сите меѓународни летови и поморскиот товар заедно.
За да се направат еден пар фармерки потребни се 7.500 литри вода
Модната индустрија произведува околу 20 отсто од отпадните води во светот и годишно испушта половина милион тони синтетички микровлакна во океанот.
Меѓутоа, работите се менуваат во Чиле, вели Росарио Хевиа, која отвори продавница за рециклирање на детска облека пред да ја основа Ecocitex во 2019 година, компанија која произведува предиво од остатоци од отфрлен текстил и облека во лоша состојба. Процесот не користи ниту вода ниту хемикалии.
„Многу години конзумиравме, а никому не му беше грижа што се создава се повеќе текстилен отпад“, рече таа за АФП.
„Но, сега луѓето почнуваат да се преиспитуваат себеси.