Дали следи уште поголема тага, зар може повеќе: Двајца во шок соба, девојчето од „Рибникар“ остана без рака, другото е во многу тешка состојба

Министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ изјави дека во пукотница во селата кај Младеновац во шок соба се ранети две момчиња, а во основното училиште „Владислав Рибникар“ е рането девојче и се уште е во многу тешка состојба.

Зборувајќи за состојбата на ранетите во масовното пукање во околината на Младеновац, што се случи на 4 мај, Грујичиќ рече дека „двајца момци се во шок собата, а девојката со повреда на главата се освестила, но дека за жал, ќе следи операција на левото око и веројатно извлекување на куршумот.“

Министерката во гостувањето на ТВ Пинк рече дека е опериран уште еден пациент, жртва на масовно пукање, како и дека вчера била оперирана девојка од Младеновац „која имала најтешки повреди на стомакот“, дека млад човек бил пренесен на одделот за васкуларна хирургија, а едното девојче останало без рака.

За жртвите од масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Грујичиќ рече дека „девојчето во Тирсова е во многу тешка ситуација“, а момчето со повреда на рбетот е „целосно будно“.

Минатата недела Србија ја потресоа две масовни убиства за само два дена. Во среда, 3 мај, К.К. (13), ученик во седмо одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со огнено оружје уби осум ученици и училишен чувар, а рани уште седум лица.

Следниот ден, У.Б. (21) најпрвин пукал во селото Дубона, а потоа во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац. Убил осум лица, а ранил 14.