Дали сте виделе гарсоњера со 5 соби: Епа, еве како (ВИДЕО)

Дони и Никол го обожаваат делот од Сан Франциско каде што живеат, но никогаш немале доволно простор во својот мал стан.

За да ја направат гарсоњерата на Дони попространа откако почнале заеднички живот, тие умно ја искористија висината на таванот од скоро 4 метри.

Така, во еден агол, тие направија кревет на горно ниво („спална соба“), додека под него, до милиметар, се користеше просторот за гардероберот на Дони. Исто така, имаат доволно простор за чување работи.

Директно под креветот е „канцеларијата“ на Дони, која лесно може да стане трпезарија.

И има дополнителен кревет за гости што се спушта, односно гостинска „соба“.

Живеењето во ваков стан има многу предности, меѓу кои секако е фактот дека сте принудени да имате се' средено под конец, и има многу кутии во кои Дони и Никол чуваат уредно средени потребни работи.

Наспроти овој генијално дизајниран дел од станот е ѕид огледало. Но, тој всушност „крие“ и повеќе простор за складирање и плакарот на Никол.

Бидејќи младата двојка нема доволно простор за ТВ поради внатрешноста дизајнирана на овој начин, тие дојдоа до генијална идеја - да постават проектор и да инсталираат голем екран, така што целиот стан ќе им стане домашно кино за секунда!. Генијална трансформација, нели? Погледнете го видеото: