Дали знаете кое семејство е на фотографијата? Таткото е запишан во историјата

Големиот фудбалски великан Зинедин Зидан е во складен брак со преубавата Вероника.

Двајцата се во брак од 1994 година и имаат четири сина.

Кога неочекувано ја запознал убавата танчерка Вероника во зимата 1989 година, не очекувал да ја види жената на својот живот. Денес, 33 години подоцна, Зинедин Зидан со гордост и многу љубов зборува за својата сопруга со која има четири деца и за која вели дека е столб на нивното семејство.

- На 6 февруари ја запознав сопругата во Кан, каде паѓаше снег. Го изгубив часовникот во снегот и тогаш ја запознав Вероника. Заедно сме 33 години. Јас ѝ должам многу. Секогаш можев да сметам на неа – изјави еднаш францускиот поранешен фудбалер.

Објасни дека без неа животот би му бил крајно празен и дека таа е главната потпора за сите во семејството.

- Секогаш беше присутна во се, дури и кога поминувавме низ тешки времиња, но имаше и многу убави. Таа никогаш не се откажа од нас. Секогаш беше позитивна, секогаш со мене и децата и не туркаше напред. Имаме многу да и се заблагодариме. Поминавме многу заедно и затоа уште еднаш и велам благодарам. Зад нас имаме прекрасни години брак, а таа заедно со мајка ми е најпосебната и најважната жена во мојот живот – изјави Зидан.

Заедно, двојката ги има 27-годишниот син Енцо, 24-годишниот Лука, 20-годишниот Тео и 16-годишниот Елијаз. Тие неодамна станаа баба и дедо, на крајот на мај, кога нивниот најстар наследник ја доби ќерката Сиа.