Понекогаш на мажите им треба многу за да ги задржат пантолоните таму каде што треба да стојат…
Да бидeме попрецизни, потребни им се скоро 77.500 американски долари. Се разбира, како што можеби претпоставите, овде зборуваме за ремен кој чини повеќе од голем број автомобили опишани како луксузни.
Креацијата на House of Borgezie, ултра луксузен златен и платински ремнен, е декориран со дијаманти.
Единствениот дизајн Fleur-de-Lys кој го краси овој модел, според неговиот креатор Кристофер Шелис, вреди многу, затоа што може да се смета за наследство кое ќе се пренесува од генерација на генерација како скапоцено богатство. Мора да признаете дека дури и најбогатите во светот би сакале да наследат ремен од 18 каратно злато, украсен со 60 рафинирани дијаманти.
Уни сексотремен тежи 300 грама и има дебелина од 30мм, дизајниран како дел од формална облека, додека се нарачува во која било големина. Дизајнерот смета дека неговата креација е навистина посебна, дека дијамантите имаат совршена јасност, и дека заради сето ова не треба да се потцени цената.
Во случај да посакате вакво модно парче, но немате доволно пари, знајте дека оваа екстравагантна модна куќа наскоро ќе воведе сребрена верзија, со цена од 1.000 долари. Која претпочитате?