Дедо ми беше религиозен муслиман, а баба православна: Еве како изгледаше нивниот брак!

Тоа беше во педесеттите години од минатиот век

Дедо ми ја видел баба ми во едно село. Ми раскажа дека таа на служба во црква во недела отишла во свечен фустан. Штом ја видел, „тој веднаш ја загубил главата“. Сам себе се убедувал дека тоа е погрешно и дека не чувствува ништо, затоа што таа е Србинка од глава до пети, а тој муслиман од старо исламско семејство.

Но, погледите им се сретнале и тоа било тоа.

Тоа било скандал каков што нивното мало село не памети. Тие одбрале љубов. Како и вообичаено, семејствата од нив се откажале, но некако успеале.

Како плод од нивната љубов се родиле седум деца и живееле обичен живот.

Нивниот брак бил испреплетен со кавги, но и со голема и тивка љубов. Тие честопати се карале „чиј Бог е поважен и поголем“.

Баба имала морална предност, бидејќи дедо имал еден „порок“,сакал да јаде сланина. Во една пригода кога баба ми го нашла во подрумот како скришно јаде сланина, го прашала „што би рекол твојот Бог сега за да те види?“

„Не постои мојот и твојот Бог. Бог е еден“, и рекол тој и продолжил да јаде од сланината.

Ние, внуците, малите копилиња, со задоволство му додававме сланина на дедо од кујната на баба, а потоа ќе ѝ кажевме како дедо повторно го зеде парчето од фрижидерот.

Тоа беа среќни времиња.

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Shutterstock