ДЕФИНИТИВНО НАЈВАЛКАНИ ПРЕДМЕТИ! Ова сите го фаќаме во ресторан, а на него има околу 11.000 бактерии!

Кој би рекол ...

До денес не сте размислувале за користењетона соларникот и садот за црн пипер во ресторан… Но, сигурносте чуле дека менито е еден од највалканите предмети во ресторанот и може да содржи околу 185.000 бактерии. Треба да знаете и дека, втората највалкана работа во ресторан не е тоалетот, туку се наоѓа на вашата трпеза.

Пред да посегнете по него, размислете колку луѓе го допреле предметот пред вас. Дали изгледа чист? Дали површината е леплива? За жал, не е невообичаено рестораните понекогаш да ја превидат чистотата на садот со црн пипер. Истото важи и за садовите за сол, шеќер.

Според истражувањето спроведено од ABC News, на сад со црн пиперво просек има околу 11.600 бактерии.

- Повеќето од овие предмети се бришат само ако изгледаат валкано, па дури и тогаш тие се пребришуваат само со крпата што ја имаат вработените - објасни Џонас Стиклер, директор на ConsumerSafety.org и додава: - И додека во одредени ресторани овие предмети се полнат и бришат , тие ретко се дезинфицираат и ретко правилно се чистат.


Друга ужасна причина, продолжува Стикерс, е тоа што родителите, со цел да ги смират своите деца во ресторан, честопати им дозволуваат да си играат со овие предмети за време на оброците. Ова би значело дека овој предмет може да биде покриен со сè што е на рацете на детето, а ние знаеме дека тие сакаат да ги „туркаат“ насекаде.

- Дури и луѓето кои не користат сол и црн бибер за да го подобрат вкусот на храната, сигурно ќе ги преместат овие предмети на трпезата - додава тој.

Покрај бактериите, соларникот и садот за црн бибер може да бидат предизвикувачи и на алергиски реакции. - Тие можат случајно да ја допрат храната кога ги користи некоја личност пред вас, па дури и да паднат во сад, па ако таа личност јадела школки на кои сте многу алергични, постои ризик да имате алергиска реакција - додава Стикерс.



Извор: srbijadanas.rs

Можеби ќе ве интересира:

Маските може да бидат поважни во борбата против коронавирусот отколку самата вакцина

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НАЈСОВРЕМЕН И ДОКАЖАН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19