Десет пати побогат сега како крал отколку кога беше принц: Кралот Чарлс испадна тактичар
Како што новиот крал официјално доаѓа со круната, можеби се прашувате дали со новата фунција доаѓа и голема плата. Впрочем, кралското семејство вреди неразбирливи суми на пари. И како шеф на монархијата, кралот е објективно најбогатиот од групата. Еве што треба да знаете за нето вредноста на кралот Чарлс
Тој поседува најмалку 11 палати.
Не можете да бидете крал без палата, или 11, нели? Кралот Чарлс поседува најмалку 11 имоти, вклучувајќи палати, замоци и други резиденции кои се под јурисдикција на Круната. Како што веќе претпоставувате, еден од најскапите имоти на кралот е Бакингемската палата, чија вредност се проценува на 4,9 милијарди долари, според Форбс.
Чарлс ги поседува и Кларенс Хаус, Балморал и Сандрингам. Неговиот вкупен имот изнесува околу 10,1 милијарди долари, според Форбс.
Пред да биде крунисан и официјано во саботата, „тежеше“ десет пати помалку, но сега повеќето кралски имоти се во негова сопственост и работи кои и да не ги знеме. Затоа се вели дека тој всушност е и најбогатиот крал во моментов, иако тоа е на ниво на шпекулации.