Тенисерот Димитров е голем заводник: Во кревет ги однесе најјаките девојки во светот
По неговото присуство на „Адриа тур“ во Задар, кога беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е позитивен на коронавирус, па од него е заразен и Новак Ѓоковиќ, името на успешниот тенисер се најде во медиумите низ целиот свет.
Досега страниците на спортските магазини освен со своите завидни тениски успеси, ги полнеше со врските со презгодните познати жени.
На неговите почетоци се шушкаше дека го освоил срцето на Серена Вилијамс, иако никогаш не потврдија официјално, во 2012-та се претпоставуваше дека кратко време биле заедно.
По раскинувањето, Димитров ја освои една од најубавите тенисерки во светот Марија Шарапова, со која беше во врска до 2015-та година. Таа врска тенисерот не ја криеше и заедно се појавуваа во јавнност, се додека Марија го остави поради тоа што сакаше да се посвети на кариерата.
Димитров повторно не тагуваше долго, па медиумите зборуваа за неговата кратка авантура со плејбој зајачицата Николет Лозанова.
Истата година започна врска со познатата пејачка Никол Шерцингер со која беа во голема љубов, која заврши во 2019-та.