До сега необјавена фотографија од 1967 година: Братот на принцезата Дајана ја откри пред јавноста

Сликата е создадена во 1967 година, а на неа се прикажани Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дајана и таа, како стојат еден покрај друг.

Иако братот на принцезата не потенцираше каде е направена фотографијата, нивната слика уште од рана возраст ја гледаме пред нас. Облечена во розов фустан и розови рамни чевли, Дајана го прегрна својот брат, кој е облечен во сини шорцеви и маица.


Спенсер ја објави оваа фотографија и не сакаше да даде никаков сентиментален опис, но ги воодушеви следбениците и собра илјадници лајкови.

- Принцезата Дајана беше грижлива постара сестра. Секогаш сакана и никогаш не заборавена - се наведува во коментарите.

Други, пак, му се заблагодарија на Спенсер што сподели фотографија што го одбележала нивното детство.