Доби 200.000 долари на гребка, а одеше на хемотерапија

Рони Фостер најпрво купи една гребка и доби пет долари, а потоа ги искористи тие пари за да купи уште две. Се испостави дека е вистинскиот потег.

И таа друга гребка беше победничка!!!

Му се паднаа 200.000 долари!

„Кога ги видов сите тие нули, замрзнав“, рече Фостер.

Она што е уште една добитна среќа, иако боледува од рак на дебелото црево и гребката ја купил пред да оди на последната хемотерапија, сега тие пари целосно ќе ги потроши за неговото здравје.

Во изјавата за официјалната веб-страница на лотаријата на Северна Каролина, Фостер рече дека дури и пред да го купи богатството, бил радосен затоа што отишол во локална болница за да заврши хемотерапија.

„Тоа беше мојот среќен ден“, додаде тој.

Откако ќе се одземе данокот, на Фостер ќе останат 141,000 американски долари. Но тој е неизмерно среќен.