Доби дете на 83 со 48 години помлада жена: Подарокот што му го приреди на синот кога ќе порасне ќе ве насолзи - Така ќе види кој бев!
Д-р Алберт Кормилот доби син на 83-годишна возраст со неговата партнерка Естефанија Паскини, жена 48 години помлада од него.
Познатиот аргентински нутриционист е роден на 31 август 1938 година во Буенос Аирес.
Неговиот живот привлече јавен интерес кон крајот на минатата година, кога Алберт и Естефанија го добија своето прво дете, синот кој го нарекоа Емилио.
Неговата сопруга е свесна дека еден ден ќе го нема, но тоа е нешто со кое е подготвена да се соочи кога ќе дојде време.
„Луѓето не ни кажуваат ништо за што јас и Алберто не знаеме или не сме разговарале“, вели таа.
Кормилот стана татко пред 50 години, а неговата ќерка Рене и синот Адријан ја прифатија одлуката на нивниот татко да основа ново семејство и се радуваат на братот што го добија и покрај разликата во годините.
Алберт откри дека би сакал да доживее 105 години за да го види својот син како дипломира.
- Нема да бидам како млад човек, тоа е сигурно, но ќе го направам тоа што можам - рече тој и додаде дека на својот син му оставил многу посебен подарок кога ќе порасне.
- Купив мобилен телефон на кој испраќам пораки и фотографии на WhatsApp, и снимам приказни и му кажувам што правам, за да ме запознае и види кој бев и кога не сум таму - заклучил Алберт.
Фото: Инстаграм