Доказ колку „длабоко“ може да оди љубовта кон дијамантите: Џиновска дупка над која не летаат хеликоптери
фото:
Мир или Мирни е светско чудо создадено од човекот и очигледен доказ до каде, поточно колку длабоко, може да оди љубовта кон дијамантите.
Огромна дупка која изгледа како сцена од научно-фантастични филмови се наоѓа во најненаселената област во Русија, 8050 километри источно од Москва. Мир е светско чудо создадено од човекот.
Џиновската дупка е широка повеќе од еден километар (1200 метри) и длабока 525 метри. Да не беше рудникот, немаше да има град на кој му го должи името - Мирни. Создаден е во педесеттите години на минатиот век, откако беше откриено дека Јакутија е ветената земја на дијамантите, пишува Pun kufer.
Експедицијата на исток од Сибир, предводена од Јуриј Хабардин, се покажа како една од најпрофитабилните во историјата, бидејќи со откривањето на трагите од кимберлит што укажуваат на почва богата со дијаманти, Советскиот Сојуз стана дом на највредната дупка во светот.
Мирни набрзо привлече население доведено на сибирскиот студ од желбата за богатство, а до 1960-тите рудникот стана најголемиот во СССР.
Од Мир секоја година се вадеа по два тона дијаманти, без разлика на температурите кои паднаа 40 степени под нулата и почвата што во поголемиот дел од годината беше замрзната, а во потоплите денови се претвора во мочуриште.
Грубо се проценува дека од рудникот биле извадени дијаманти во вредност од околу 110 милијарди евра. Најголемиот пронајден дијамант е со големина на топче за голф и вреди околу 2 милиони евра. По Втората светска војна, заработката од дијаманти на Русија и помогна да застане на нозе.
Хеликоптери не се осмелуваат да летаат над дупката поради температурни разлики и предупредувања дека може да ги вшмука, но такви случаи се уште не се евидентирани. Поради необичните звуци кои доаѓаат од длабочините на рудникот, се појавија бројни теории на заговор.
Сопственик на Мир е руската компанија Алроса, која произведува околу четвртина од светските дијаманти. По затворањето поради поплавата, рудникот се уште делумно работи, но не како во славните денови. Дијамантите се ископуваат во мрежа од подземни тунели.
извор:nationalgeographic.rs