Досега невидена сцена од пустината ќе ве остави без зборови: Неразделни пријатели

фото: PRINTSCREEN

Во последниве години видовме секакви чуда, но видеото што ни доаѓа од Јужна Африка, поточно од националниот парк Кругер, ги остава сите без зборови.

Досега сме навикнати на разни ѕверски снимки од африканската пустина, во кои се прикажани разни диви мачки како напаѓаат антилопи и слични слаби животни. Сепак, последното видео ги збуни сите и пријатно изненади.
Ако некој ни кажеше дека овие заколнати непријатели можат да станат блиски и неразделни пријатели, тешко дека некој би поверувал во тоа. Сепак, приказната од јужноафриканскиот национален парк Кругер нè убеди дека веќе ништо не е невозможно. Со секоја средба помеѓу антилопа и леопард, скоро е неизбежно антилопата да не стане плен. Но, мала храбра антилопа, без оглед дали е од незнаење или од љубопитност, му пријде на младиот леопард и започна да си игра. На изненадување на авторот на ова видео, играта започна. Оваа интересна интеракција е снимена од Естијан Хови, чуварот на овој национален парк, кој изјавил дека никогаш не видел такво нешто во неговата долга кариера.

- Бев зачуден и истовремено почестен што присуствував на еден редок и необјаснив настан. Во ниту еден момент малата антилопа не покажа знаци на вознемиреност или страв. Кога леопардот се обидуваше да игра, таа секојпат се враќаше кај него и продолжуваше да го душка и ја туркаше главата кон неговото лице - рече зачудениот чувар.

ВИДЕО


извор: beograd.in